Ресетирање На Лозинка

на барање
кликнете за да ги видите сите слики

ВЕЛИГДЕН ВО ХРВАТСКА (ИСТРА)

,
, Хрватска
Резултатите од пребарувањето
аранжман
пролетни патувања
|0 Спални соби|
Проверка На Достапност

опис

За патувањето

Можеби сте гледале веќе понуди за Велигден и не можете да се одлучите каде да одите а штом сте стигнале до оваа програма, тука треба да се задржите и да се одлучите.
Нашата тура за Велигден е тура што за 4 дена посетуваме 6 градови и тоа во 3 држави (Италија, Словенија и Хрватска). Сигурно се запрашувате кои се тие градови и каде се престојува?

Редовна цена на аранжманот : 259 ЕВРА  

Промо цена на аранжманот до: 239 ЕВРА 

  +10% РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ НА ПОПУСТОТ 215 ЕВРА ДО 12.04.2024 СО УПЛАТА ОД 50%

(остатокот на 7 дена пред поаѓање)

можност за плаќање на рати преку IUTE или DINERS

Резервациите се ограничени

Што е вклучено:

Не е вклучено:

  • Автобуски превоз *Превоз од: Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово
  • 3 ноќевања Magal Hotel By Aminess со 3* на островот Крк со појадок
  • Посета на Загреб и разглед на градот со локален водич
  • Туристички придружник
  • Посета на Ровињ и Пула и разглед на со локален водич- 65 евра од лице
  • Посета на Трст и Копер и разглед на градовите со локален водич- 40 евра
  • Посета на Риека и разглед со локален водич- 20 евра од лице
  • International пакет (посета на Пула, Ровињ, Ријека, Трст и Копер) 105 евра од лице- (20 евра заштеда)- сите факултативи
  • Туристичка такса од лице 9 евра за 3 ноќевања (задолжително се плаќа во автобус)
  • Влезници за музеи, локалитети и патничко осигурување

Програма

Состанок на група кај хотел Русија-Скопје околу 19:00ч. Имаме организиран превоз од Кочани, Штип,Велес, Скопје и Куманово. Ноќно возење со попатни паузи, граници и царински формалности.
Денот ни започнува во главниот град на Хрватска, Загреб). Загреб првично постоел како два различни града, Каптол кој бил населен главно со свештенство, а во кој се наоѓа Загребската катедрала и Градец населен главно со земјоделци и трговци кои во 1851 година биле обединети. Градот е доста привлечна туристичка дестинација и бројот од година на година се повеќе се зголемува. Разлгед на градот со локален водич. Слободно време за кафе или индивидуален прошетка.  Заминување кон Крк. Сместување во Magal Hotel By Aminess со 3* на островот Крк во туристичкото место Njivice.
Појадок во хотел. Денот ни започнува со посета на, Ровињ кој е неверојатен крајбрежен, романтичен и историски град во Хрватска, град лоциран на мал полуостров. Градот е омилен на туристите бидејќи станува збор за живописен стар град кои калдрмните улички биле изградени во средновековен стил, шарените куќи и градските плоштади создават амбиент што го одзема здивот. Една од најпрепознатливите знаменитости е црквата односно базиликата Св.Ефимија која била градена над остатоците од ранохристијанските градви во период од 1725-1736 год. Плоштадот Маршал Тито е главниот плоштад во Ровињ на која се наоѓа градската саат-кула, градската фонтана и најстарите кафулиња во градот. Во Ровињ е предвиден разглед на градот со локален водич за подобро запознавање на градот. По разгледот слободно време и заминување на излет до Пула, најголемиот град во Истра. Главниот и најпрепознатливиот симбол на градот е римсиот амфитеатар познат како ,,АRENA PULA’’ кој е најдобро сочуванит пример на римскиот амфитеатар, арена каде се одржувале гладијаторски битки, борби со животни итн. Се поминува покрај градските ѕидини, триумфалната капија и форумот кое е централното место за состаноци и главен плоштад во градот. По разглед на градот, групата има слободно време за индивидуални активности и прошетка низ Пула. Враќање во хотел. Ноќевање
Појадок во хотел. Денот ни започнува во Италија (Трст).  Можеби нема да има толку многу за шетање како Рим, да биде испреплетено како Венеција или да ја има хранливата сцена на Болоња, но ако сакате да доживеете дел од Италија без гужва, Трст е одличен избор. Главниот (плоштад Piazza Unità d’Italia) е опкружен со прекрасни згради во виенски стил и од овој плоштад има поглед кон морето па да испиете еден аперол би бил одличен избор. Трст е уникатен град и по својата географска локација на границата меѓу различните народи во затворен простор затворен помеѓу карстното плато и Јадранското Море, и по историските настани кои го интересирале и влијаеле низ годините од културен и архитектонски аспект. По неодамнешните работи на реновирање и реставрација, историскиот центар на Трст повторно ја доби елеганцијата и сјајот на своето минато, од наодите на римските урнатини до прекрасните палати кои датираат од австроунгарскиот период. Да се биде во Италија се разбира дека има многу историја а неопходен е да се види Римскиот театар во (Teatro Romano) кој е недалеку од главниот плоштад. Во Трст е предвиден разглед на градот со локален водич. По разгледот слободно време за индивидуални активности и заминување кон Koпер. Овој јадрански град кој одамна бил дел од кнежеството Венеција го задржа своето италијанско влијание и архитектура. Покрај атрактивните калдрма на Копер, плоштадите, пријатни кафулиња, ресторани и морска храна на скара, овде се изложени изобилство од различни архитектонски стилови, вклучувајќи барок, готски, ренесансен и венецијански. Стариот град Копер лежи на поранешен остров, кој некогаш бил поврзан со копното со мост. Денес Копер е полуостров поврзан со заднината и преполната област прерасна во продолжение на градот. Локалниот водич во Копер ќе ве запознае подобро со градот и неговите знаменитости и препорача места каде можете да ја пробате локална храна. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање
Појадок во хотел. Одјава и заминување кон Риека.  Градот е трет по големина во Хрватска по Загреб и Сплит по број на население. Во ова туристичко место се наоѓа најважното хрватско пристаниште поради својата стратешка географска положба. Во 2020 година Риека беше избрана за европска престолнина на културата заедно со Голвеј во Ирска. Интересен факт е дека секоја година Риека е домаќин на еден од најголемите карневалски фестивали кој речиси е исто толку популарен како карневалот во Венеција. Корзо или стариот град е срцето на градот, главното градско шеталиште по кое е препознатлив овој град и опкружен со градби од кои датираат од 16 век. Патниците ќе имаат можност да ја видат старата градска кула, палатата на гувернерот, старата градска кула и други знаменитости кои ќе бидат препорачани од водичот. По разгледот следува слободно време за индивидуални активности. Заминување кон Македонија. Пристигнување во утринските часови во Македонија.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници При уплата патникот се изјаснуа дали ќе пристуствува на факултативните излети
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на содржините во програмата и промена на сместување. Доплата за сингл соба 50% од сумата на аранжманот (ограничени соби) Сместување со соби за две и три лица. Т.А Сансет Травел не гарантира дали ќе бидете сместени во соба со брачен или два единечни кревети, менаџментот на хотелот го одредува тоа.
Прикажи повеќе
адреса
Област:
Земја: Croatia
детали
Имотната Состојба: на барање
Имот ID: 39716
правила и услови
Пушење Е Дозволено
Дозволени Домашни Миленици
Партијата Е Дозволено
На Децата Им Е Дозволено

Достапност

април 2024
П В С Ч П С Н
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
мај 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
минатото
денес
пипнат
×

Проверка На Достапност

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
Доенчиња
Под 2 години
0
Затворете
Додади во Омилени
Сподели

Sanset Travel

language
x