Decaville
Ситонија, Грција
Превземи ценовник во ПДФ Gerakini Dekavil
Апарт-вила Декавил се наоѓа на влезот во Геракини, оддалечен е околу 30 метри од најубавиот дел на песочната плажа. Апарт хотелот се состои од двокреветни, 1/2+1 со фотеља на расклопување (погодна за деца до 11,99год) 1/2+1 со кревет на извлекување (големина за возрасен) и четворокреветно студио (на приземје) , останатите соби се лоцирани на приземје, први и втори кат, дел од нив гледаат странично на море. Исто така една двокреветна соба има можност за сместување на лице со посебни потреби, т.е има механизам за влез во соба преку тераса, доколку користи количка за движење. Собите се опремени со квалитетен мебел и новоизградени, комплетно опремени кујни, сопствен тоалет, ТВ, клима која се доплаќа во објектот (4 евра на ден) и интернет вклучен во цената. Во склоп на вилата има мал ресоран, каде се служи кафе и пијалоци, наутро може да се подготви појадок по пристапни цени (ладен и топол појадок)