Reset Password

на барање
click to see all images

Вила Павлос – Остров Скијатос

,
Скијатос, Грција
Your search results
автобуски аранжман
Грција, Лето 2023, Остров
|0 Bedrooms|
Check Availability

опис

Скијатос е дестинација каде нашите патници во 2023-та година ќе може да уживаат во различните концепти кои ги нуди островот. Овде ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.

Како сместувачки капацитет кој го имаме на Скијатос е „Вила Павлос“ која располага со студија на приземје и прв спрат. Вилата е нова и модерна, а во дворот има базен кој може бесплатно да го користат гостите.  Вилата е идеална е за луѓе кои бараат комфор од една страна и авантура од друга страна. Според нас, да се пие утринско кафе на балкон оддалечен само неколку минути од популарниот аеродром во Скијатос е повеќе од доживување.

Земајќи ја предвид популарноста на островот и она што тој го нуди, не би размислувале дали да одбереме еден или два термина во ова уникатна вила.
За вас имаме 18 термини, од почеток на јуни до крај на септември за лето 2023 на островот Скијатос. Изборот е ваш дали ќе одите 7 или 14 ноќи, првиот термин е од 25.05 до 01.06.2023, последниот од 21.09 -28.09.2023. За останатите термини погледнете подоле од понудата.

План и програма

Термините за лето 2023 на Скијатос се од четврток до четврток, секоја среда навечер поаѓање

Овогодинешните термини за летување на Скијатос се од четврток до четврток, последователно. Првиот термин започнува од 25-ти мај, а последниот термин завршува на 28-ми септември

Нашиот тим, со самото отварање на границите со Грција, изврши увид на безбедноста при вашето патување, протоколите и начинот на кој ќе можеме да ви го обезбедиме најдобриот одмор за ова лето. Ние како агенција сме веќе добро подготвени и со обучен кадар, а она што можеби го воведуваме како новитет на нашиот пазар кога станува збор за одмор на Скијатос се безбедните приватни организирани трансфери до најпознатите плажи на островот.

Teрмини

Редовни цени Промоцени
25.05 – 01.06.2023 111 €

90 €

01.06 – 08.06.2023

121 € 104 €
08.06 – 15.06.2023 134 €

115€

15.06 – 22.06.2023

146 € 125 €
22.06 – 29.06.2023 168 €

155 €

29.06 – 06.07.2023

212 € 179 €
06.07 – 13.07.2023 247 €

199 €

13.07 – 20.07.2023

280 € 220 €
20.07 – 27.07.2023 280 €

220 €

27.07 – 03.08.2023

280 € 220 €
03.08 – 10.08.2023 280 €

220 €

10.08 – 17.08.2023

280 € 220 €
17.08 – 24.08.2023 280 €

220 €

24.08 – 31.08.2023

247 € 199 €
31.08 – 07.09.2023 218 €

179 €

07.09 – 14.09.2023

170 € 145 €
14.09 – 21.09.2023 143 €

120 €

21.09 – 28.09.2023

121 €

105 €

Сместување

Вила Павлос

Задоволните патници од летото 2022 год. во Скијатос беа поттик за повторно да ја работиме оваа вила за лето 2023. Вила Павлос се наоѓа во мирниот дел во градчето Скијатос, на само неколку минути пеш од популарниот мал аеродром на островот. Ова урбана вила ќе ви даде нова дефиниција за тоа како треба да изгледа вашиот летен одмор. Главниот влез на вилата е уреден со огромни палмови дрвја, медитерански цвеќиња и тревник, а дворот на вилата Павлос каде воедно се наоѓа и базенот е изолиран одлично изолиран за да може да уживате во тишината и спокојот.

Вилата е идеална за луѓе кои бараат модерен, нов и несекојдневен начин на летување. Туристи кои ќе го посетат Скијатос се со цел да го почувствуваах духот на островот, да ги истражат песочните плажи и да ја проучат културата на градот.

Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија на првиот спрат. Од дел од студијата може да се набљудува морето, а останатите нудат погед кон пејсажниот остров. Студијата се опремени со мини кујна за подготовка на лесни оброци,фрижидер, прибор според бројот на гости, ТВ, плакар, тераси со столчиња и маса и Wi-Fi.

Пред самата вила може да се паркираат автомобили за туристите кои ќе го посетат островот со сопствен превоз.

Вилата има и своја рецепција и лице кое е одговорно за гостите.

Нашиот организиран транспорт ги остава патниците пред самата вила, а од каде ги презема за враќање назад.

Вилата е на една минута пешачење од море. Првата плажа е на 3 минути пешачење, но таа плажа е мала и не е организирана. За да се посетат најубавите плажи на островот, се користи јавниот превоз.

Што е вклучено во цената

-7 ноќевања – 8 дена во вила Павлос
-Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
-Туристички пратител за време на патувањето
-Претставник од агенција за време на престојот
-Цените се изразени по лице за 7 ноќевања

Што не е вклучено во цената

Дополнителeлни 30€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Користење на клима (не е задолжително) 5 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
-Доплата за туристичка такса, 3.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите
-Секој патник седи во автобус според бројот на уплата
-Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице

Важно

  • Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени.
  • Поаѓањето е ден претходно од дадените термини во табелите или поточно секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
  • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и  се пресметува од редовната цена.
  • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
  • Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 0.5е од ден ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
  • Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • При генерално чистење на секоја смена, студиото се напушта во 09:00ч по локално време.
  • Студиото кое се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
  • Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости.
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори а Сансет травел  како агенција нема било каква   одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
  • Објектот располага со 1/2 и 1/3 студиа на приземје и кат.
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

 

View more
адреса
Address: Exact location information is provided after a booking is confirmed.
County: Скијатос
State: Грција
Country: Greece
детали
Property Status: на барање
Property ID: 36755
правила и услови
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

December 2023
M T W T F S S
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
January 2024
M T W T F S S
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
past
today
booked
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share

Sanset Travel

Contact Owner
language
x