Reset Password

на барање
click to see all images

Вила Спирос

,
Лефкада, Грција
Your search results
студио
летни аранжмани
|0 Bedrooms|
Check Availability

опис

АГИОС НИКИТАС е идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Сместено е на рид помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море. Местото плени со прекрасната традиционална грчка архитектура, камени улици и голем број на традиционални ресторани каде може да се вкуси најразлична вкусна храна.

Во близина на Агиос Никитас се наоѓаат некои од најубавите плажи во Европа, на југ од селото се наоѓа Milos Beach именувана по разрушена мелница до која се стига со пешачење, на север од селото се наоѓа Pefkoulia Beach позната и како Agios Nikitas Beach. Исто така на овој дел од островот се сместени и плажите Porto Katsiki, Egremni, Kathisma, Ligia.

Вила Спирос се наоѓа на 300 метри од плажа, на почетокот на Агиос Никитас (види мапа). Во нејзина близина има продавница на 100м, rent a car и rent a bike на 100м. Централната пешачка уличка се наоѓа на 100м од вилата, на која се наоѓаат ресторани, таверни, продавници за храна, гиро, слаткара, продавници за сувенири.

Вилата располага со двокреветни студија со дупли кревет и трокреветни студија со еден дупли кревет и еден единечен, сите имаат мини кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, сопствен тоалет со туш, клима и туш, терасата е надворешна, заедничка за сите соби одделена со паравани и се излегува на неа од влезната врата на студиото. Терасите се со страничен поглед на море. Клима со доплата од 5еур на ден. Трокреветната соба на приземје е со дупли кревет и кревет на спрат (слики во прилог)

Капацитетот на собите: во двокреветна соба максимум 2 лица, во трокреветна соба максимум 3 лица.

Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената

– Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз.Повратен превоз до Лефкада чини:

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада:

  • -Скопје (Дрводекор) – 65€ по лице
  • -Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -80€ по лице
  • -Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) -65€ по лице
  • -Дреново – (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) -65€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:

  • -Битола (спортска сала)-55€ по лице
  • -Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -65€
  • -Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -65€ по лице
  • -Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -65€ по лице

-Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
– Деца до 1,99 години бесплатно ( не користи седиште )

 

Време на поаѓање за Лефкада:

  • -01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
  • -01:45 h Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) трансфер до Битола
  • -12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
  • -02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
  • -03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
    -04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон)
  • -03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола
  • -02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
  • -02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансвер до Битола

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

* LOYALTY CARD попуст 7 % и не се комбинира со попустите за рана резервација или промо цените
* за уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (овој попуст не е важечки за промо термините)
* попустите не може да се комбинираат,
* Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет  (број на кревети), преку дозволениот број  НЕ може да се смести ПЛУС ЛИЦЕ
* Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
* Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
* Важат Општите услови на СКТМ и ТА САНСЕТ ТРАВЕЛ

View more
адреса
Address: Exact location information is provided after a booking is confirmed.
Country: Greece
детали
Property Status: на барање
Property ID: 39578
правила и услови
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

December 2024
M T W T F S S
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
January 2025
M T W T F S S
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
past
today
booked
×

Check Availability

Add to Favorites
Share
language
x