Ресетирање На Лозинка

на барање
кликнете за да ги видите сите слики

МАЛТА 1ви Мај

,
, Малта
Резултатите од пребарувањето
авионски аранжман
пролетни патувања
|0 Спални соби|
Проверка На Достапност

опис

МАЛТА 1ви Мај

Медитеранскиот Бисер – МАЛТА                                 

                4 Дена / 3 ноќевања / Авион

Малтешките острови, опишани како музеј на отворено. Она што ги прави уникатни е 7000 годишна историја, а сепак се живее страстно во сегашноста. Влезете во мистериозната предисторија на Островите, чекорејќи по стапките на Св. Павле, таму каде што Витезиите на Св. Јован го бранеа христијанството… Каде и да одите, пејсажите на островите и архиотектурата нудат спектакуларна позадина. Впечатливи бои – медено обоен камен во мешавина од медитеранско синило…

 

28 април (недела)                 СКОПЈЕ – МАЛТА        

Состанок на група на аеродром Скопје во 13.00 часот. Полетувањето е во 15:00 часот. Слетување на аеродром во Малта во 16:45 часот. Трансфер од аeродром до хотел. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

 

29 април (понеделник)        ВАЛЕТА  

Појадок. Факултативно, разглед на главниот град на Малта – Валета опкружен со бројни масивни зидини и тврдини, изграден од Витезите на Св.Јован кои биле болничари во 16-от век. Малтежаните се многу горди на својот главен град чие светско и богато културно наследство се открива веднаш при самото движење на улиците низ градот. Разгледот започнува од портата на Валета преку главната улица до централниот плоштад на Републиката со застанување на важни културно-историски објекти каде се раскажува за историјата на самиот град и на самиот остров. Потоа, прошетката продолжува низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има прекрасен панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Не случајно се снимени толку многу филмови на МалтаИсто така предвидена е и посета на богато украсената Катедрала и музеј на Св.Јован, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети, која воедно е и мевзолеј каде што се погребани големите мајстори од малтешкиот витешки ред (влез во Катедралата – 15еур). Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

30 април (вторник)               ИЗЛЕТ ПО МАЛТА –  BlUE GROTTO  МДИНА – TAQАLI – MOST

Појадок. Целодневен факултативен излет исполнет со историја, култура и природна убавина!

Посета на прекрасната Сина Пештера (Blue Grotle). Потоа, посета на Мдина стариот средновековен главен град на Малта, наречен – Град на тишината. Прошетка низ тесните поплочени калдрмени улички и грандиозна архитектураразглед на познатите градини Св.Антони, Претседателската Палата… Прошетка до Рабат и слободно време за ручек. Посета на фабриката за стакло Mdina Glass во TaQali, можност да се види специфичната техника на изработка на дувано стакло каде вештите занаетчии создаваат сложени стаклени предмети и одлична прилика да купите уникатни сувенири како спомени од вашето патување. Посета на градот Most каде се посетува познатата католичка црква посветена на Богородица, која го преживеала нацистичкото бомбардирање во 1942г (влез 2 еур). Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

01 мај (среда)                        ГОЗО  

Појадок. Целодневна факултативна посета со организиран автобуски превоз и траект на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најгoлем остров во Малтешкиот архипелаг каде историјата, природата и културата се здружуваат да создадат навистина магично искуство. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј заробен на нејзиниот остров 7 годиниПо пристигнувањето во Гозо, првата станица е волшебното Внатрешно Море или таканаречено природно чудо со уникатна геолошка формација и прекрасни глетки. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Викториа (Рабат), главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади. Посета на Базиликата Та Пину-Место на Чудата, позната по чудесните приказни, богата историја и духовно значење на ова прекрасно место. Посета на Старата Цитадела богата со калдрмени улици, историски знаменитости и панорамски поглед на островот.

Посета на шармантното село Фонтана со историско значење како центар за перење и традиционални малтешки производи. Слободно време за опуштен ручек во Викторија или заливот Xlaendi во некој од локалните ресторани со традиционална вкусна малтешка кујна. Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 23.45 часот. Слетување во 01:25 часот наредниот ден.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 449  / 27.840 мкд

     попуст за ранa уплатa до 29.03: 399 € / 24.740 мкд

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

ü  Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје

ü  Аеродромски такси

ü  Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

ü  Сместување во хотел Gillieru Harbour Hotel 4* во Малта на база 3 ноќевања со појадок

ü  Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

ü  Организација на аранжманот и придружник на патување

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Ø  Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

Ø  Посета на  Валета 35 евра

Ø  Излет по Малта (Mosta, Ta Qali, Mdina, Rabat, Blue Grotto) 50 евра

Ø  Посета на Гозо 65 евра

Ø  Туристичка такса 750 мкд   (се плаќа во агенција )

Ø  Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

Ø  Патничко – здравствено осигурување

Ø  Доплата за еднокреветна соба

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

Дете од 2 до 11 години во соба со 2 возрасни лица добива 15% попуст.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА САНСЕТ ТРАВЕЛ.

Прикажи повеќе
адреса
Област:
Земја: Italy
детали
Имотната Состојба: на барање
Имот ID: 39731
правила и услови
Пушење Е Дозволено
Дозволени Домашни Миленици
Партијата Е Дозволено
На Децата Им Е Дозволено

Достапност

април 2024
П В С Ч П С Н
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
мај 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
минатото
денес
пипнат
×

Проверка На Достапност

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
Доенчиња
Под 2 години
0
Затворете
Додади во Омилени
Сподели
language
x