Ресетирање На Лозинка

на барање
кликнете за да ги видите сите слики

Мартовско патување во Кипар

, ,
Грција, Кипар, Грција
Резултатите од пребарувањето
авионски аранжман
пролетни патувања
|0 Спални соби|
Проверка На Достапност

опис

цена 399 еур

Поаѓање: 02.03.2024
Враќање: 05.03.2024
Превоз: Авион
Сместување: Хотел

Островски бисер на Средоземното море со стотици километри прекрасно крајбрежје. Тоа е Кипар! Остров кој локалците го нарекуваат Афродита, бидејќи според легендата, Кипар бил дом на грчката божица на љубовта Низ. Во текот на својата историја, овој остров бил освојуван од Грци, Римјани, Персијци, Египјани, Византијци и крстоносци, секој зад себе оставајќи свој белег го претвориле Кипар во тоа што е денес. Благодарејќи на богатата историја, Кипар денес има развиен туризам привлекувајќи туристи од целиот свет. Топла медитеранска клима, одлични хотели, прекрасно крајбрежје, вкусна храна и квалитетно вино, ноќен живот на високо нив. Тоа е само дел од листата која го прави Кипар дестинација која задолжително треба да биде на Вашата листа!

РЕДОВНА ЦЕНА 399€!!!

Прв ден

Состанок на групата во Скопје и трансфер до аеродромот во Солун. Полетување за Ларнака во 09:40 часот Слетување во Ларнака во 11:40 часот.По завршување на пасошки и царински формалности следува организиран трансфер. Патувајќи кон хотелот, ќе имаме можност панорамски да уживаме во убавините на Ларнака, од кои дел е и прекрасното солено езеро Алики кое во текот на зимскиот период е дом на илјадници птици, а меѓу кои се преубавите розеви суштества – фламинго. Се сместуваме во хотел. Слободно време за одмор и релаксација, додека за оние со повеќе енергија, оваа авантура може веднаш да започне! Ќе прошетаме по долгото шеталиште, може да се одмориме на песочната плажа во комбинација со коктел пијалок или пак да се посети некоја од историските знаменитости на градот, на чија листа се наоѓа црквата Светли Лазар, една од најстарите овде. Ноќевање.

Втор ден

Појадок во хотел. Одморени и спремни за нов ден на островот! За денес предлагаме факултативна посета на главниот град на Кипар, Никозија. Град поделен на 2 дела, со 130 000 жители и 2 различни временски зони! Самата помисла е посебна знаејќи дека сте во град кој е поделен на 2 држави (Грција/Турција), чија граница ја поминувате за 2 минути, а притоа менувате временска зона. Велат најинтересниот дел на грчката страна на градот е Laiki Getonia, што во превод би значело “Добар сосед”. Овој дел од градот изобилува со тесни улици каде се наоѓаат голем број на продавници, атељеа и кафе барови, вредни да бидат дел од Вашите спомен фотографии. Ќе го посетиме и Кипарскиот Археолошки музеј кој брои колекција на предмети од долгогодишната историја на градот. Прекрасна архитектра на куќи кои повеќето од нив се реставрирани, но сеуште го задржуваат духот на историјата на островот. Во склоп на стариот дел на градот, се наоѓа и Етнографскиот музеј, Катедралата Свети Јован, Големата Палата на Архепископот Макариос III, како и најголемата банка на Кипар за која се верува дека е во сопственост на Кипарската Православна црква. Пауза за ручек. Ќе го видиме и познатиот ѕид кој претставува граница и го дели Кипар помеѓу Грција и Турција, статуата на независен Кипар и ќе ја посетиме црквата Фанеромени лоцирана на самата граница. Се враќаме во хотелот во Ларнака. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Трет ден

Појадок во хотел. За денешниот ден предлагаме факултативна посета на крајбрежните град на Кипар, Аја Напа и Фамагуста. Градот Аја Напа важи за најпопуларен турстички центар на Кипар, кој некогаш бил само мало рибарско село. Овде ќе не пречека тиркизно море и прекрасни пејсажи, голем број на ресторани, барови и клубови кои се причина да Аја Напа не случајно го носи приматот на втора Ибица во светот. Две од најпознатите плажи овде, Golden Beach I Nissi Beach со вкупна должина од 3 километри, го красат крајбрежјето на Аја Напа.  Патот не води кон Фамагуста, при што ќе го посетиме манастрито Свети Барнабас, која го носи името на основачот на кипарската православна црква и античкиот град Саламис. Стариот дел на градот е следен на нашата агенда, а овде ќе имаме можност да ги видиме венецијанските ѕидови, Готската црква на Свети Никола и замокот Отело. Се враќаме назад во Ларнака. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Четврти ден

Рано напуштање на собите, трансфер и полетување за Солун во 06:40 ч.Слетување во Солун во 08:55 ч.После пасошки и

царински формалности следува шопинг во Космос. Во договор со представникот од агенцијата следува организиран трансфер до Скопје.

Што е вклучено во цената

  • Авионски билет на релација Солун-Ларнака-Солун со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Трансфер Скопје – Солун – Скопје
  • Мала кабинска торба (РАНЕЦ) до 8кг. и максимални димензии 40x30x20;
  • 3 ноќевања со појадок во хотел во Ларнака;
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Шопинг во Космос (последен ден , на враќање)

Професионален туристички придружник на групата.

Што не е вклучено во цената

  • Wizz Priority (мала + голема кабинска торба до 10кг. и димензии 55x40x25 + приоритетен влез);
  • Чекиран багаж до 20кг;
  • Туристичка такса – (се плаќа на рецепција);
  • Влезници за локалитети и билети за јавен превоз;
  • Факултативен излет до Никоазија: 65€ (минимум 16 пријавени лица);
  • Факултативен излет до Аја Напа и Фамагуста: 65€ (минимум 16 пријавени лица);
  • Патничко осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО (информации во агенција).

 

Задолжително пријавување за факултативните излети во агенција !!

 

Прикажи повеќе
адреса
Област:
Земја: Greece
детали
Имотната Состојба: на барање
Имот ID: 39102
правила и услови
Пушење Е Дозволено
Дозволени Домашни Миленици
Партијата Е Дозволено
На Децата Им Е Дозволено

Достапност

март 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
април 2024
П В С Ч П С Н
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
минатото
денес
пипнат
×

Проверка На Достапност

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
Доенчиња
Под 2 години
0
Затворете
Додади во Омилени
Сподели

Sanset Travel

language
x