Ресетирање На Лозинка

на барање
кликнете за да ги видите сите слики

Рим за 8-ми Март (07.03-10.03.2024)

,
Рим, Италија
Резултатите од пребарувањето
авионски аранжман
пролетни патувања
|0 Спални соби|
Проверка На Достапност

опис

цена од 519 еур сега од 459 еур

Поаѓање: 07.03.2024
Враќање: 10.03.2024
Превоз: Авион
Сместување: Хотел

                                                 ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 459 
за уплати до 30.11.2023
РЕДОВНА ЦЕНА  519€
Рим – Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието на градот. Вечниот град или градот на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над три илјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија и седиште на градот – државата Ватикан. Туристите секогаш го опишуваат како посебен и единствен град, а италјаните знаат да кажат дека Рим е посебен свет. Како древен град, со голем број на споменици Рим е музеј на отворено, но истовремено и модерен град кој постојано е во тек со трендовите. Полн со вибрации на современ град кој со помош на новите технологии, архитектура, уметност, мода и кулинарски вештини, постојано привлекува нови туристи. Рим е, но и останува популарен како што некогаш бил, кога луѓето од сите страни на Римското царство доаѓале да го видат неговиот величествен сјај.

Прв ден

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 13:45 часот. Полетување за Рим во 15:45 часот. Пристигнување во Рим во 17:30 часот. Трансфер до хотелот и сместување.Во договор со пратителот на групата, можност за ноќна прошетка во центарот на градот.Ноќевање.

Втор ден

Појадок во хотел. По појадокот e предвидена факултативна посета на Ватикан (превоз со метро, 2 часа разглед) – Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 – ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 – тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Разгледот продолжува со посета на најголемата црква во светот Св. Петар во која се наоѓа познатата “Пиета“ – единственото потпишано дело на Микеланџело. Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини – најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По кратка пауза продолжуваме со организиран панорамски разглед на градот со локален водич (пеш и метро) каде 3 часа ќе уживаме на Пиаца НавонаПантеонФонтана ди ТревиШпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

Трет ден

Појадок во хотел. По појадокот заминување кон паркот Тиволи (полудневен факултативен излет) и посета на комплексот Villa D’Este кој со својата градина и палата им припаѓа на најдобрите ренесансни градини. Враќање во Рим и посета на црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Потоа се посетува (однадвор) една од најголемите знаменитости и атракции во Рим – Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

Четврти ден

Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за индивидуални активности (последно кафе или шопинг во Рим) и трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 23:00 часот со директен лет. Пристигнување во Скопје во 00:50 часот.

Што е вклучено во цената

  • Директен лет на релација Скопје – Рим – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Аеродромски такси
  • Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром;
  • Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* или 4* – 3 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Што не е вклучено во цената

  • Доплата за 20 kg багаж (куфер);
  • Доплата за еднокреветна соба
  • Туристичка такса – 4 € или 6 € по лице на ден (зависно од категоризацијата на хотелот);
  • Билети за јавен превоз со метро;
  • Патничко осигурување;
Прикажи повеќе
адреса
Град:
Област:
Земја: Italy
детали
Имотната Состојба: на барање
Имот ID: 39063
правила и услови
Пушење Е Дозволено
Дозволени Домашни Миленици
Партијата Е Дозволено
На Децата Им Е Дозволено

Достапност

март 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
април 2024
П В С Ч П С Н
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
минатото
денес
пипнат
×

Проверка На Достапност

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
Доенчиња
Под 2 години
0
Затворете
Додади во Омилени
Сподели

Sanset Travel

language
x