Ресетирање На Лозинка

на барање
кликнете за да ги видите сите слики

СКАНДИНАВИЈА 29.04 – 05.05

, , , , , ,
Копенхаген, Осло, Стокхолм, Данска, Норвешка, Скандинавија, Шведска
Копенхаген , Стокхолм ,Осло
Резултатите од пребарувањето
авионски аранжман
пролетни патувања
|0 Спални соби|
Проверка На Достапност

опис

ОСЛО – КОПЕНХАГЕН – СТОКХОЛМ

Авион / 7 дена / 6 ноќевања

 (Среда)                        СКОПЈЕ – ОСЛО

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10.30 часот. Авионот за Осло полетува во 12.35 и слетува во 15.50 часот. Сместување во хотел. Вечерта, предлагаме прошетка во шармантната област Aker Brygge, старо бродоградилиште кое е целосно реконструирано. Старите бродови се заменети со постмодерна архитектура. Неверојатните челични и стаклени конструкции се издигнуваат кон небото и ги чуваат некои од најдобрите ресторани, продавници, пабови и кина во градот. Популарна област за шопинг, јадење и забава, како и станбена област со висока класаВистинското место за сите оние кои бараат луксуз и сјај! Ноќевање.

 (Четврток)                      ОСЛО

Појадок. Разглед на главниот град на Норвешка, викиншкиот град кој го опкружуваат спектакуларни фјордови. Разглед со локален водич: главната улица во Осло, Карл Јоханс Гејт, едно од најживите места во градотдом на бројни ресторани, кафулиња, продавници, како и универзитетот, театарот, парламентот и кралската палата. Прекрасното Градско собраниетврдината и замокот Акершус една од најважните средновековни тврдини во Норвешка, каде што можете да ја следите норвешката историја од 12 век до денес. Посета на паркот Вигеланд со 227 монументални скулптури сместен во рамките на поголемиот парк Фрогнер, кој е и најголемиот парк во Норвешка. Најновиот симбол на Норвешка е Операта, која се наоѓа на средината на старото пристаниште во Осло, со прекрасен поглед на фјордот Осло. Слободно време. Посета на Bygdoey „Музејски полуостров“ каде што има фантастични музеиNorwegian Maritime Museum  ја претставува норвешката поморска историја, бродоградба и подводна технологијаNorwegian Museum of Cultural History– музеј на отворено, кој го прикажува животот на норвежаните во изминатите пет века преку автентични куќи, стари работилници, дрвени магацини преселени од различни делови на Норвешка.  Fram Museum – најсилниот дрвен брод што некогаш бил изграден и сè уште ги држи рекордите за пловење најдалеку на север и на југ. Во музејот Фрам можете да видите како екипажот и нивните кучиња успеале да преживеат во најстудените и најопасните места на земјата – Арктикот и Антарктикот. Музејот Фрам има и поларен симулатор каде што може да го доживеете студот и опасностите од поларните експедиции пред повеќе од 100 години. The Kon-Tiki Museum – посветен на норвешкиот истражувач Тор Хејердал, кој ја предводел експедицијата Кон-Тики во 1947 година, т.е. патување преку Тихиот Океан, од Јужна Америка до Полинезиските Острови. Ноќевање.

ј (Петок)                      ОСЛО- КОПЕНХАГЕН

Појадок. Посета на познатата скокалница Холменколен лоцирана над градот, која на туристите им нуди неверојатен поглед на Осло и Ослофјорд.  Кога ќе ги прашате жителите на Осло кој е нивниот најпрепознатлив споменик, сите сигурно ќе ви одговорат на Холменколен. Скијачката скокалница била изградена во далечната 1892 година, а оттогаш била реконструирана дури 14 пати. Овде се одржани голем број важни натпревари, вклучувајќи ги и Олимписките игри во 1952 година. Посебна атракција е ски-симулаторот. Потоа, (околу 15.00 часот) качување на брод DFDS на линијата Осло-Копенхаген. Сместување во двокреветни кабини. На бродот има од продавници, барови и ресторани до вечерна забава. Вечера. Ноќевање.

 

 (Сабота)                      КОПЕНХАГЕН

Појадок. По слегувањето од бродот (околу 10.00 часот), трансфер и разглед на градот со локален водич: Разглед на средновековната Данска престолнина Копенхаген: Палатата Амалиенборг, резиденција на Данските Кралеви, Градското собрание, Парламентот на Данска во Палатата Кристијансборг, Операта, Кралската библиотека, Дворецот Розенборг, симболот на градот “Малата сирена”, создадена според истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен… Сместување во хотел. Прошетка по најстарата пешачка зона во светот Строгет, со препознатлив „скандинавски дух“ и едноставни фасади со живи бои, канали и готски цркви. Нихавн e најживописното данско пристаниште препознатливо на сите разгледници во градот, со многу луѓе, кафулиња, ресторани. Слободно време за посета на пивницата Carlsberg и можност за дегустација на познатото данско пиво.  Ноќевање.

 (Недела)                          КОПЕНХАГЕН – СТОКХОЛМ

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки или посета на забавниот парк Тиволи, најголемата традиционална атракција во Копенхаген, отворена во 1843 годинаТиволи е најпосетениот тематски парк во Скандинавија кој со својата егзотична архоитектура, градини, ролеркостери, претстави, концерти, изложби… привлекува повеќе од четири милиони туристи годишно. Трансфер до железничка станица и патување до Стокхолм со воз (околу 5 часа). Сместување во хотел. Ноќевање.

 (Понеделник)                 СТОКХОЛМ

Појадок. Разглед на градот кој лежи на 14 острови: Градското собрание во чија златна сала се доделуваат Нобеловите награди и за Швеѓаните е најубавата зграда во земјата, кралската опера, кралските градини, парламентот… Пешачка прошетка до островот каде што се наоѓа стариот дел на градот, Гамла стан, со еден од најдобро зачуваните средновековни квартови во Европа. Популарниот плоштад Сторторгет, музејот на Алфред Нобел, средновековната катедрала и кралската палата, која сè уште е официјална резиденција на шведското кралско семејство и со 608 соби е меѓу најголемите палати во Европа. Промена на стражата на палатата во Стокхолм е исто толку спектакл  како и во Лондон. Гамла Стан е остров со многу знаменитости, ресторани и барови. Слободно време да се проба и омилената храна на Швеѓаните Inlagd sill -харинга во саламура или Gravad lax – пушен лосос и за десерт принцес крофни за кои имаат посебна традиција.  Ноќевање.

 (Вторник)                        СТОКХОЛМ – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативно, посета на островот Џургарден кој годишно го посетуваат над 10 милиони туристи, го нарекуваат и остров на музеите бидејќи тука се наоѓаат најдобрите градски музеи, како оној на светски познатиот шведски бенд АББА во кој има неколку интерактивни аудио и видео пултови каде што посетителите можат да пеат или пуштаат некои од хитовите на популарната шведска група или да танцуваат на сцена со холограми на другите членови од бендот. Скансен – најстариот музеј на отворено кој со повеќе од 150 антички куќи ја прикажува шведската историја, развојот на нејзината архитектура и поранешните обичаи и живот. Слободно време за ручек. Организиран трансфер до аеродромот во Стокхолм. Полетување за Скопје во 23.10 часот. Пристигнување во 02.10 часот наредниот ден.

 

За уплата до 21 Февруари:  1190 евра  (73.780 мкд)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  1290 евра  (79.980 мкд)

 

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на релација Скопје-Осло / Стокхолм-Скопје

–  Аеродромски такси

– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

– Воз на релација Копенхаген- Стокхолм

– Сместување во Thon Hotel 4* во Осло на база 2 ноќевања со појадок

–  Сместување во двокреветни кабини на брод DFDS на база полупансион (вечера и појадок)

–  Сместување во хотел Good Morning Copenhagen Star 3* во Копенхаген на база 1 ноќевања со појадок

–  Сместување во хотел C Stockholm 4* во Стокхолм на база 2 ноќевања со појадок

–  Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

–  Организирани разгледи со локален водич во: Осло, Копенхаген и Стокхолм

–  Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Ø  Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг, чекиран багаж – куфер до 20кг

*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање)

Ø  Блок карта за 24 часа неограничен влез во музеи и 24 часа неограничено користење на јавен превоз во Осло 65 евра (се плаќа во агенција)

Ø  Влезница за Тиволи во Копенхаген (се купува на лице место)

Ø  Посета на островот Џургарден и влезници за 2 музеи АББА и Скансан 65 евра (се плаќа во агенција)

Ø  Туристичка такса 1850 мкд  по лице за цел престој (се плаќа во агенција)

Ø  Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

Ø  Патничко и здравстено осигурување

Ø  Доплата за еднокреветна соба 20.100 мкд

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

 

Прикажи повеќе
детали
Имотната Состојба: на барање
Имот ID: 38900
правила и услови
Пушење Е Дозволено
Дозволени Домашни Миленици
Партијата Е Дозволено
На Децата Им Е Дозволено

Достапност

март 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
април 2024
П В С Ч П С Н
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
минатото
денес
пипнат
×

Проверка На Достапност

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
Доенчиња
Под 2 години
0
Затворете
Додади во Омилени
Сподели

Sanset Travel

language
x
Копенхаген , Стокхолм ,Осло