Reset Password

на барање
click to see all images

11-ти Октомври во Виена

,
виена, Австрија
Your search results
автобуски аранжман
B & B - ноќевање со појадок, Австрија, Есенски Патувања
|0 Bedrooms|
Check Availability

опис

ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување… а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот… Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..

Tермин:11 Октомври

 

1 ден  11.10.2023 Скопје – Виена

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 10.30 ч. и поаѓање за Виена во 11:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

 

2 ден  12.10.2023 шопинг центар Parndorf –  Виена

Планирано пристигнување во претпладневните часови во  eден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг. Во договорено време патувањето продолжува накај  ВиенаПредлагаме панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург…. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 13.10.2023 Шенбрун – Дунавска Кула

Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кои го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо  Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед –  360о на градот).Во попладневните часови враќање во хотел. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (факултативно). Ноќевање.

 

4 ден  14.10.2023 Виенски шуми

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета на Виенски Шуми (полудневен разглед). Се посетува Сегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа. Потоа прошетката продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. Во вечерните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

5 ден  15.10./2023Скопје

Планирано пристигнување во Скопје во пладневните  часови( во зависност од граничните премини).

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 25.08.2023: 179€ /11.100 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 €12.340 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок)
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата
  • Посета на шопинг центар Parndorf

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Виена со локален водич – 15
  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 50
  • Факултативна посета на Виенски шуми со локален водич – 60€ – мин. 25 лица за реализација
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 25
  • Патничко осигурување – 175 ден (за лица до 60 год)
  • Доплата за еднокреветна соба 3 600 ден
  • Туристичка такса 2€ по лице на ден

 

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Доплата за седиште по избор 10€ ( резервација исклучиво при уплата)
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на САНСЕТ ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди  време и место на поаѓање.
View more
адреса
Address: Exact location information is provided after a booking is confirmed.
County: Австрија
State: Австрија
Country: Austria
детали
Property Status: на барање
Property ID: 37948
правила и услови
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

септември 2023
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
октомври 2023
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
past
today
booked
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share

11-%d1%82%d0%b8-%d0%be%d0%ba%d1%82%d0%be%d0%bc%d0%b2%d1%80%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d0%b8%d0%b5%d0%bd%d0%b0

Contact Owner
language
x