Reset Password

слободно
click to see all images

8 -МИ ДЕКЕМВРИ СОКОБАЊА

,
Соко Бања, Србија
Промо цена на аранжманот - 139  евра /8.620мкд за резервации до  22.11.2023
Your search results
автобуски аранжман
Декемвриски Патувања
|0 Bedrooms|
Check Availability

опис

 СОКОБАЊА-8ми Декември

Сокобања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини – од север планина Ртани на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Сокобања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.
Природни и лековити фактори во Сокобања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух. Спортско-рекреативни содржини во Сокобања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал

Промо цена      139  евра/ 8.620мкд за резервации до  22.11.2023

Цена на аранжманот 159 евра / 9.860 мкд

Програма за патување (08.12-10.12)                                                                                                                              

08.12.2023 (Петок) Скопје – Сокобања

Состанок на групата во 05.30час. На паркингот кај хотел Вип. Поаѓање за Сокобања во 06.00часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања околу пладне и сместување во хотел Бањица 3*.

Ручек. Краток одмор и освежување од патувањето, по што се заминува на организирана прошетка низ поширокиот центар на Сокобања со локален водич (Милошев конак, турско купатило, црквата Св.Преображение..) Слободно време за индивидуални активности или релаксација во џакузи базенот во хотелот. Вечера.

Ноќевање.

09.12.2023 (Савота) –Сокобања (Лептерија-Соко град)

Појадок. После појадокот, заминуваме на пешачки излет до Лептерија и Сокоград.

Враќање во хотел. Ручек.

Слободено попладне за одмор или релаксација во џакузито на хотелот или пак индивидуална посета на Велнес и Спа центарот-Соко Терме. Спа центарот располага со три базени (два се внатрешни и еден надворешен базен). Базените се со термална минерална вода, со температура од 30℃ до 36℃.

Вечерта, свечена вечера со жива музика и богато мени.

10.12.2023- (Недела) Сокобања-Скопје

Појадок.  После појадокот, напуштање на хотелот.

Слободно време до 12.00час. и поаѓање за Македонија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности.

Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Традиционален коктел за добродојде
  • 2 Полни пансиони (појадок, ручек и вечера) во хотел Бањица 3* https://www.banjica.co.rs/
  • Организиран разглед на Сокобања со локален водич
  • Организирана пешачка тура со локален водич до Лептерија и Сокоград
  • Организирана свечена вечера со жива музика, богато мени и неограницено пиење (алкохолни и безалкохолни пијалоци)
  • Бесплатно користење на џакузи базенот во хотелот
  • Туристичка такса
  • Организација, реализација и придружник на патувањето

Ценатана аранжманот не вклучува:

  • Индивидуални трошоци (групна карта за Соко Терме 800динари/ индивидуална карта 1.500динари)
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување

Попусти и доплати:

  • Деца од 3-10.99год во придружба со 2 возрасни плаќаат 75€/ 650мкд
  • Трет возрасен на редовно легло плаќа полна сума
  • Доплата за еднокреветна соба 40€/480ден за две ноќевања (на барање)
  • Намалување за сопствен превоз 10€/ 620ден по патник (цената на First minute не подложи на други дополнителни попусти)

Напомена:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. Агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање, доколку нема пријавено доволен број на патници

*Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.

  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

* Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите

•Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

• За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на пасошот мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)

 

View more
адреса
Address: Exact location information is provided after a booking is confirmed.
County: Србија
State: Србија
Country: Serbia
детали
Property Status: слободно
Property ID: 38059
правила и услови
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

December 2023
M T W T F S S
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
January 2024
M T W T F S S
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
past
today
booked
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share

Sanset Travel

Contact Owner
language
x
Промо цена на аранжманот - 139  евра /8.620мкд за резервации до  22.11.2023