Ресетирање На Лозинка

на барање
кликнете за да ги видите сите слики

VILLA “ELEFTERIA”

, ,
Грција, Грција, Пиериа - под Олимп
116 еур по лице 17 eur. во студио 1/2 по
Резултатите од пребарувањето
студио
летни аранжмани
|0 Спални соби|
Проверка На Достапност

опис

Villa Elefteria се наоѓа во тивка улица и убаво уреден двор, на околу 150 мери оддалеченост од градската плажа и центарот на местото Олимпик бич. Од нејзините основни карактеристики, секако се издвојува местото за дружење или пречек на гостите при доаѓање и заминување, каде во нивна потреба се големата тераса и потребните содржини (тоалет, ладилник, решо…). Во својот состав вбројува и 16 убаво уредени (1/2, 1/3 и 1/4) студија, распоредени на приземје и трите ката од вилата. Сите студија се опремени со тоалет и мини кујна, клима и ТВ уред, како и сопствен балкон со тенда. Вилата има Wi-FI интернет согласно основните потреби за комуникација. Паркингот за сопствните возила е можен во непосредна близина на објектот.

ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ – 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ

  • Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
  • Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
  • За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ЦЕНОВНИК ПО СОБА – НАЕМ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ

  • Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
  • Цените се однесуваат по соба на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
За употребата на клима уред (ac+) се доплатува во објектот (5€/на ден, каде што е достапен)
Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице)

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз:  45 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во  06:00 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски”)
– Велес, во  06:30 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Неготино, во  07:00 ч.  (бензиска пумпа “Макпетрол”)
– Смоквица, во  07:30 ч.  (бензиска пумпа “BWO петрол”)
– Гевгелија, во  08:00 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)
Поаѓање од Грција:
– Истиот ден попладне.
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и
одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши
по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од
вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.
Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и
локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите
и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална
опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .
ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.

Цени и услови на плаќање
* Цените се објавени во Ценовник бр.1, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2024 година, или до објава на нов ценовник.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот
за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со рана резервација (рани попусти – EB):
– 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;
– 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето.
2. За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
– 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
– 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
– 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“ !

Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,
доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата

ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

• Приземје:

– Студио бр.1, тип 1/2+1 (еден брачен кревет 130 cm и еден единечен кревет 80 cm) гледа кон задната страна на куќата и дворот, тоалетот е со низок таван.

– Студио бр.2, тип 1/2+1 (еден брачен кревет 140 cm и еден единечен кревет 90 cm) гледа кон задната страна на куќата и дворот.

– Студио бр.16, тип 1/2+1 (еден брачен 140 cm и еден единечен кревет 90 cm) балконот е пред влезна врата, нема клима уред, одвоен од дворот на куќата кој е со плчки и гледа кон улица.

Студиата се опремени со кујна мини фрижидер со комора за замрзнување, решо со 2 рингли и елемент под лавабо ,маса, клима, ТВ, плакар. огледало фиокар ролетни тенда завеси балкон со маса и 4 столици во стд 1 тоалет со туш на плочки, додека во стд 2 и 16 е со туш со кадичка за стоење. Балконите се одделени, погледот е во дворот (мал двор со плочник и цвечиња) од задниот дел на куќата.

•  Прв кат

– Студио бр.3, тип 1/2 (еден брачен кревет 140 cm) кон улица, западна страна (нова кујна)

– Аапартман со една спална бр. 4, тип 1/2+1+exb (еден брачен 140 cm, единечен 90 cm и ранџо (полско креветче) кон улица. Северо-западна страна. (кујна одвоена од соба)

– Апартман со една спална бр. 5, тип 1/2+1+exb (еден брачен 140 cm, единечен 90 cm и ранџо (полско креветче) кон објект Северо-западна страна. (кујна одвоена од соба)

– Студио бр.6, тип 1/2 (еден брачен кревет 140 cm) кон објект (нова кујна)

Студиата се опремени со кујна (мини фрижидер со мала комора за замрзнување, решо со 2 рингли и елемент под лавабо), маса, клима, ТВ, плакар, огледало, фиокар, ролетни, завеси, балкон со маса и столици, тоалетите се сите со туш кадичка за стоење.

• Втор кат 

– Студио бр. 7, тип 1/2 (еден брачен кревет 140 cm). Поглед кон објект, западна страна

– Апартман со една спална бр. 8, тип 1/2+1  (еден брачен кревет 140 cm, единечен 90 cm) и одвоена кујна.

– Апартман со една спална бр. 9, тип 1/2+1 (еден брачен кревет 140 cm, единечен 90 cm) и одвоена кујна.

– Студио бр.10, тип 1/2 (еден брачен кревет 140 cm).

Студиата се опремени со кујна (мини фрижидер со мала комора за замрзнување, решо со 2 рингли и елемент под лавабо), маса, клима, ТВ, плакар, огледало, фиокар, ролетни, завеси, тоалетите се сите со туш кадичка за стоење. Балкон со маса и столици.

• Трет кат

– Студио.бр.11, тип 1/2 twin (два единечни кревети со широчина 90 cm)

– Студио.бр.12, тип 1/2 twin (два единечни кревети со широчина 90 cm)

– Студио.бр.13, тип 1/2 twin (два единечни кревети со широчина 90 cm)

– Студио.бр.14, тип 1/2 twin (два единечни кревети со широчина 90 cm)

– Студио бр.15, тип 1/2 twin (два единечни кревети со широчина 90 cm)

Студиата се опремени со кујна (мини фрижидер со мала комора за замрзнување, решо со 2 рингли и елемент под лавабо), маса, клима, ТВ, плакар, огледало, фиокар, ролетни, завеси, тоалетите се сите со туш кадичка за стоење. Балкон со маса и столици.

Прикажи повеќе
цена
Цена по лице: 17 eur.
минимален број на ноќи: 7
адреса
Адреса: информација за точната локација ќе добиете по потврдата на резервацијата
Град:
Округот: Грција
Држава: Грција
Земја: Greece
детали
Имотната Состојба: на барање
Имот ID: 38861
карактеристики
акомодација - удобности
TV - телевизија
Wi-Fi безжичен интернет
климатизација
правила и услови
Пушење Е Дозволено
Дозволени Домашни Миленици
Партијата Е Дозволено
На Децата Им Е Дозволено

Достапност

октомври 2024
П В С Ч П С Н
 1
17 eur.
2
17 eur.
3
17 eur.
4
17 eur.
5
17 eur.
6
17 eur.
7
17 eur.
8
17 eur.
9
17 eur.
10
17 eur.
11
17 eur.
12
17 eur.
7
13
17 eur.
7
14
17 eur.
7
15
17 eur.
7
16
17 eur.
7
17
17 eur.
7
18
17 eur.
7
19
17 eur.
7
20
17 eur.
7
21
17 eur.
7
22
17 eur.
7
23
17 eur.
7
24
17 eur.
7
25
17 eur.
7
26
17 eur.
7
27
17 eur.
7
28
17 eur.
7
29
17 eur.
7
30
17 eur.
7
31
17 eur.
7
 
ноември 2024
П В С Ч П С Н
 1
17 eur.
7
2
17 eur.
7
3
17 eur.
7
4
17 eur.
7
5
17 eur.
7
6
17 eur.
7
7
17 eur.
7
8
17 eur.
7
9
17 eur.
7
10
17 eur.
7
11
17 eur.
7
12
17 eur.
7
13
17 eur.
7
14
17 eur.
7
15
17 eur.
7
16
17 eur.
7
17
17 eur.
7
18
17 eur.
7
19
17 eur.
7
20
17 eur.
7
21
17 eur.
7
22
17 eur.
7
23
17 eur.
7
24
17 eur.
7
25
17 eur.
7
26
17 eur.
7
27
17 eur.
7
28
17 eur.
7
29
17 eur.
7
30
17 eur.
7
 
минатото
денес
пипнат
×

Проверка На Достапност

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
Доенчиња
Под 2 години
0
Затворете
Додади во Омилени
Сподели

Sanset Travel

language
x
116 еур по лице 17 eur. во студио 1/2 по