Ресетирање На Лозинка

на барање
кликнете за да ги видите сите слики

ВЕЛИГДЕН ВО ЈАШИ (МОШТИТЕ НА СВ.ПЕТКА)

,
, Романија
Резултатите од пребарувањето
аранжман
пролетни патувања
|0 Спални соби|
Проверка На Достапност

опис

ВЕЛИГДЕН ВО ЈАШИ (МОШТИТЕ НА СВ.ПЕТКА)

 

За патувањето

Романија ја работиме од нашето постоење (2014 год) а за прв пат одлучивме да објавиме тура за Јаши, град каде почиваат моштите на Света Петка!

Јаши е еден од најзначајните градови во Романија, се наоѓа во североисточниот дел на земјата, во историската покраина Молдавија. Познат како главен град на културата во Романија, Јаши е симбол на романската историја. Историчарот Николае Јорга изјавил дека „не треба да има Романец кој не знае за тоа“. Сè уште познат како „Молдавска престолнина“. Градот бил престолнина на  Молдавија од XVI век до 1861 година, како и на Романија помеѓу 1916-1918 г. за време на Првата светска војна. Тој е вториот по големина град во Романија кој се наоѓа во североисточниот дел на земјата, познат по своето богато културно и историско наследство. Јаши има историски споменици, цркви и манастири стари 500 години. Градот е дом на бројни универзитети, музеи, архитектонски знаменитости, вклучувајќи ги Палатата на културата, манастирот Тројца архиереи, манастирот Свети Јован Новиот во готски.

Јаши е градот во кој почиваат моштите на најпочитуваната и сакана светица на православието, Мајка Параскева – Света Петка. Моштите на Света Петка биле пренесувани многупати од една во друга земја, од една на друга нација, од една во друга црква, но тоа не оставило трага врз нив. Нејзините свети мошти се наоѓаат во Јаши, а нејзините два прста почиваат во црквата Света Петка на Калемегдан. На главата на светецот е извезена перница, на челото сребрен венец, а на градите е икона со нејзиниот лик што луѓето ја бакнуваат.

За Велигден имаме програма со 3 ноќевања, 1 ноќевање во Букурешт и 2 ноќевања во Јаши. Во продолжение програмата.

Редовна цена на аранжманот : 249 ЕВРА
Промо цена на аранжманот219 ЕВРА
+10% РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТ НА ПОПУСТОТ 197 ЕВРА ДО 12.04.2024 СО УПЛАТА ОД 50%

(остатокот на 7 дена пред поаѓање)

можност за плаќање на рати преку IUTE или DINERS

Резервациите се ограничени

Што е вклучено:

Не е вклучено:

  • Превоз на релација Скопје-Букурешт-Јаши-Скопје *Организиран превоз од: Битола (спортска сала), Прилеп (лукоил бензинска), Кавадарци (Дреново) Кочани (основен суд), Велес (макпетрол карши лукоил), Штип (бензинска лукоил), Скопје (хотел Русија), Куманово (макпетрол бензинска) и Крива Паланка (макоил)
  • 1 ноќевање во хотел со 3* со појадок во Букурешт и 2 ноќевања со појадок во Јаши во хотел со 3*
  • Посета на Соборниот храм во Јаши
  • Разглед на Букурешт
  • Разглед на Јаши
  • Туристички придружник од агенција
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса од лице (4.5 евра за 3 ноќевања)- се плаќа во агенција
  • Индивидуални тропшоци
  • Манастир Њамц- 20 евра
  • Доплата за еднокреветна соба- 75 евра (за патниците кои патуваат сами) ОГРАНИЧЕНИ МЕСТА

Програма

Состанок на групата пред хотел Русија во 19:00ч. Поаѓање за Букурешт. Ноќно возење преку Бугарија до Романија.
Очекувано пристигнување во утринските часови во Букурешт по што веднаш се започнува со разглед на градот. Парламентот Започнуваме со разглед на Букурешт со водич и се упатуваме кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. Слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело. Плоштадот на Револуцијата Плоштадот на Револуцијата е следното место на посета. Тука ќе се запознаваме со неизбежната богата историја на Букурешт. Овој плоштад стана светски познат кога ТВ станиците насекаде низ глобусот ги пренесоа последните моменти на власт на Николај Чаушеску. Точно тука, од својот балкон на поранешните простории на Комунистичката партија, тој сведочеше во неверување како бесната маса на луѓе се свртува против него. Протестот избега од контрола, а Чаушеску избега од него со својот хелихоптер. Плоштадот е опколен со важни знаменитости: Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија. Calea Victoriei Продолжуваме со кратко возење по авенијата Calea Victoriei, најстарата и најшармантната улица, порано позната како “Големата Улица „ или „Брашов пат“ заради тоа што била дел од трговската рута која водела од Букурешт до градот Брашов, во Трансилваниа. Оваа улица е идеалната рута по која се гледаат најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и секако плоштадот Викторија со своите атракции. Паралелно од нас мирно тече притоката на Дунав, реката Дамбовица. Повторно застануваме на еден од најголемите плоштади во центарот на градот, плоштадот Унири, од каде ги посетуваме Метрополитската црква- Патријаршијата, инспирирана од манастирот Куртеа де Агрес , со византиски ентериер и импозантни иконостаси, како и седиште на врховниот водач на православната Романска црква. Куртија Веке Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке, изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула, проширен во денес познатата шармантна област Липскани. Во историскиот дел од оваа област во кој се пронајдени докази за староседелците на Bukuresti , се верува дека подземно имал зандани во кои Влад Дракула ги чувал своите затвореници. Денес на тоа место се останати аркади, гробници, коринтска колонада и стари ѕидини како и најстарата Црква, која 2 века служела за крунисување на Романските принцови. Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал. Сместување во хотел. Ноќевање
Појадок во хотел. Заминување кон Јаши и пристигнување попладневните часови во Јаши. Jaши е еден од најстарите градови во Романија. Лоциран во североисточниот дел на земјата, Јаши со векови бил премин на најважните трговски патишта што ги поврзувале Полска, Унгарија, Русија и Константинопол. Длабоко вкоренет во историјата, Јаши е главен центар на молдавската култура од крајот на 1300-тите. Градот се гордее со тоа што е местото каде што е објавен првиот романски весник. Јаши е исто така дом на првиот романски универзитет и е – во денешно време – вториот по големина универзитетски центар во Романија. Јаши може да се пофали со импресивен број на православни цркви, над 100, од ​​кои многу се наоѓаат во нејзината централна област наречена Златна висорамнина (Платол де Аур). Најстарата, кнежевската црква Свети Никола, датира од времето на најголемите владетели во регионот, принцот Стефан Велики (Ștefan cel Mare) кој владеел од 1457 до 1504 година. Разглед на градот. Слободно време. Сместување во хотел. Ноќевање
Посета на Соборниот храм на Света Литургија покрај моштите на Света Петка. Разглед на манастирите околу Јаши. Поаѓање кон манастирот Владичен, кој се наоѓа на периферијата на градот Јаши, изграден на местото каде што биле примени моштите на Јован Сочавски во 15 век кога биле пренесени во Сучава. Новата црква е изградена во периодот меѓу двете светски војни од романски монаси кои се вратиле од Света Гора во духот на молдавските цркви од 15 век, а последен пат била обновена на крајот на 20 век. Посета на манастирот Четачуја, задарението на војводата Ѓорѓе Дука, изградена во периодот 1668-1672 година. Манастирската црква се издвојува по својата елеганција, едноставност и точност на пропорциите. Тој е репрезентативен споменик на молдавската феудална уметност од 17 век. Манастирот се наоѓа на истоимениот рид во Јаши, опкружен со лозови насади од кои во манастирот се произведуваат повеќе видови вино. Продолжување на патувањето кон манастирот Хадамба, кој е изграден во 1659 година. Манастирот го изградил Гркот Јанис Хадамба на имотот што му го дал молдавскиот принц Ѓорѓе Ѓика. Комплексот е реновиран во деведесеттите години на 20 век. Во манастирот има чудотворна икона на Пресвета Богородица, која се расплака поради пожар во манастирот во 2003 година. Враќање во хотелот. Слободно време. Ноќевање
Напуштање на собите и одјавување од хотелот. Одење во Соборната црква на Света Литургија, покрај моштите на Света Петка. Обиколка на манастирот Њамц – задужби на војводата Стефан Велики, изграден во 1497 година. Манастирот е изграден врз темелите на постар манастир. Манастирската црква импресионира со надворешните и уметнички украсени фасади. Во манастирот има две чудотворни икони на Пресвета Богородица, свети мошти на Пајсиј Величкоски и неименуван светител, делови од моштите на свети Симеон Столпник и Свети Јован Јосевит. Ноќно возење низ Романија и Бугарија со кратки застанувања по пат за одмор и гранични формалности. Пристигнување во утринските часови во Македонија.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  •  За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.
Прикажи повеќе
адреса
Област:
Земја: Romania
детали
Имотната Состојба: на барање
Имот ID: 39749
правила и услови
Пушење Е Дозволено
Дозволени Домашни Миленици
Партијата Е Дозволено
На Децата Им Е Дозволено

Достапност

април 2024
П В С Ч П С Н
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
мај 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
минатото
денес
пипнат
×

Проверка На Достапност

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
Доенчиња
Под 2 години
0
Затворете
Додади во Омилени
Сподели
language
x