Ресетирање На Лозинка

на барање
кликнете за да ги видите сите слики

Куќа “Pavlos”

, ,
Скијатос, Грција, острови
104 еур за 7 ноќевања
Резултатите од пребарувањето
студио
летни аранжмани
|0 Спални соби|
Проверка На Достапност

опис

Куќа ‘Pavlos’

Вила Павлос се наоѓа во мирниот дел во градчето Скијатос, на само неколку минути пеш од популарниот мал аеродром на островот. Оваа урбана вила ќе Ви даде нова дефиниција за тоа како треба да изгледа вашиот летен одмор. Главниот влез на вилата е уреден со огромни палмови дрвја, медитерански цвеќиња и тревник, а дворот на вилата Павлос каде воедно се наоѓа и базенот е изолиран одлично изолиран за да може да уживате во тишината и спокојот.

Вилата е идеална за луѓе кои бараат модерен, нов и несекојдневен начин на летување. Туристи кои ќе го посетат Скијатос се со цел да го почувствуваат духот на островот, да ги истражат песочните плажи и да ја проучат културата на градот.

Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија на првиот спрат. Од дел од студијата може да се набљудува морето, а останатите нудат поглед кон пејсажниот остров. Студијата се опремени со мини кујна за подготовка на лесни оброци, фрижидер, прибор според бројот на гости, ТВ, плакар, тераси со столчиња и маса и Wi-Fi, и тоалет.

Пред самата вила може да се паркираат автомобили за туристите кои ќе го посетат островот со сопствен превоз.

Вилата има и своја рецепција и лице кое е одговорно за гостите.

Нашиот организиран транспорт ги остава патниците пред самата вила и ги презема за враќање назад.

Вилата е на една минута пешачење од море. Првата плажа е на 3 минути пешачење, но таа плажа е мала и не е организирана. За да се посетат најубавите плажи на островот, се користи јавниот превоз.

 

Teрмини Цени
23.05 – 30.05.2024 104 €
30.05 – 06.06.2024 113 €
06.06 – 13.06.2024 125 €
13.06 – 20.06.2024 137 €
20.06 – 27.06.2024 157 €
27.06 – 04.07.2024 198 €
04.07 – 11.07.2024 231 €
11.07 – 18.07.2024 262 €
18.07 – 25.07.2024 262 €
25.07 – 01.08.2024 262 €
01.08 – 08.08.2024 262 €
08.08 – 15.08.2024 262 €
15.08 – 22.08.2024 262 €
22.08 – 29.08.2024 231 €
29.08 – 05.09.2024 204 €
05.09 – 12.09.2024 159 €
12.09 – 19.09.2024 133 €
19.09 – 26.09.2024 133 €

 

Што е вклучено во цената:

  • 7 ноќевања – 8 дена во вила Павлос
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
  • Туристички пратител за време на патувањето
  • Претставник од агенција за време на престојот
  • Цените се изразени по лице за 7 ноќевања

Што не е вклучено во цената:

  • Дополнителeлни 36€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Користење на клима (не е задолжително) 5 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
  • Доплата за туристичка такса, 3.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите
  • Секој патник седи во автобус според бројот на уплата
  • Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице

Важно

  • За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
  • Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
  • Полињата кои се со црвено значат колку студиа се зафатени.
  • Поаѓањето е секоја Среда. Секој Четврток прв ден од одмор.
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
  • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и  се пресметува од редовната цена.
  • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
  • Активните попусти не се комбинират со други попусти
  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
  • Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 0.5е од ден ( Се плаќа во вилата кај сопствениците)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
  • Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
  • При генерално чистење на секоја смена, студиото се напушта во 09:00ч по локално време.
  • Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуваат самите гости
  • Кујните во сите студија се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори а  Сансет Травел  како агенција нема било каква   одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студијa.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
  • Објектот располага со 1/2 и 1/3 студија на приземје и кат.
  • Кујните во сите студија се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се * * * * * * разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Прикажи повеќе
цена
минимален број на ноќи: 7
адреса
Адреса: информација за точната локација ќе добиете по потврдата на резервацијата
Округот: Грција
Држава: Грција
Земја: Greece
детали
Имотната Состојба: на барање
Имот ID: 38683
карактеристики
акомодација - удобности
TV - телевизија
Wi-Fi безжичен интернет
климатизација
јадење
кујна
фрижидер
правила и услови
Пушење Е Дозволено
Дозволени Домашни Миленици
Партијата Е Дозволено
На Децата Им Е Дозволено

Достапност

мај 2024
П В С Ч П С Н
 1
7
2
7
3
7
4
7
5
7
6
7
7
7
8
7
9
7
10
7
11
7
12
7
13
7
14
7
15
7
16
7
17
7
18
7
19
7
20
7
21
7
22
7
23
7
24
7
25
7
26
7
27
7
28
7
29
7
30
7
31
7
 
јуни 2024
П В С Ч П С Н
 1
7
2
7
3
7
4
7
5
7
6
7
7
7
8
7
9
7
10
7
11
7
12
7
13
7
14
7
15
7
16
7
17
7
18
7
19
7
20
7
21
7
22
7
23
7
24
7
25
7
26
7
27
7
28
7
29
7
30
7
минатото
денес
пипнат
×

Проверка На Достапност

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
Доенчиња
Под 2 години
0
Затворете
Додади во Омилени
Сподели

Sanset Travel

language
x
104 еур за 7 ноќевања